Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево ја продолжи посетата на населените места во охридско. Од Пештани Заев упати јасна порака дека она што и треба на Македонија, вистински Претседател, го нуди токму СДСМ.

-СДСМ го нуди тоа што и треба на наша Македонија, вистински претседател, Стево Пендаровски, рече Заев.

Пендаровски секогаш е опкружен со народ, луѓето му приоѓаат и го поддржуваат. Народот е со Пендаровски затоа што народот му верува, додаде Заев.

Во охридската населба Христо Узунов, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска заедно со Претседателот Заев им се обратија на насобраните граѓани.

„Чувството кое денеска го има секој од нас е вистинито и ќе се потврди уште во првиот круг. Стево Пендаровски ќе биде идниот претседател на Република Македонија“ рече Заев.

Шекеринска додаде дека Македонија на овие избори силно ќе испрати порака за промени, затоа што сите граѓани на оваа земја заслужуваат подобро.