СДСМ ќе го дочека Мирослав Шиповиќ кој најави враќање во Македонија во вторник. Во Македонија го чека и полицијата поради потерницата распишана за него за случајот Претседавач. Ова е договорено на вечершната седница на највисоките партиски органи на СДСМ во проширен состав.
Покрај тоа раководствот на СДСМ вечерва договорило и тоа градоначалниците на СДСМ да го замрзнат учеството во ЗЕЛС, членовите на опозицијата да го прекинат учеството во работната група во Собранието што треба да го имплементира Извештајот за настаните на 24. декември, а советниците на опозицијата да ја бојкотирата првата наредна седница на советите во сите општини во земјата.
Целта е да се изрази незадоволството и да се стави крај на политички-монтираните случаи и партизираното судство.



