Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Пешевски договара инвеститори за еврообврзницата

1
By Нова ТВ on July 18, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ соопшти дека вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски ја презема обврската за договорање на еврообврзницата со потенцијалните инвеститори, наместо министерот за финансии Кирил Миновски.

– Незадоволен од капацитетот на Кирил Миноски, Никола Груевски денеска го поставил проверениот Владимир Дил Ориентид Пешевски за главен играч во продолжението на издавањето на еврообврзницата од 650 милиони евра.

Во седумминутната телефонска врска со потенцијалните инвеститори којашто ја водел Пешевски, според информациите што ги имаме, како соучесници биле присутни и министерот за финансии, министерката за информатичко општество и администрација, заменик министерката за правда и се разбира верниот послушник на Груевски, гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

По кратката седумминутна телефонска врска, состанокот бил завршен, се вели во соопштението.

– ДУИ очигледно се обидува да се затскрие, со тоа што на телефонскиот состанок со инвеститорите не присуствувал министерот за правда, но според информациите што ги имаме тој сепак, по налог на својата партија и дал овластување на заменик министерката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да потврди од името на Министерството за правда, дека постапката за издавање на еврообврзницата е согласно законите.

Молкот на ДУИ по ова прашање упатува дека Али Ахмети се испазарил како и многу пати до сега со Никола Груевски.

Веќе е јасно дека коалициските партнери ја гледаат иднината на Р.Македонија само низ призма на поделба на тендерски колачи. Дали ќе имаат за леб граѓаните, никогаш не било во сфера на нивниот интерес, се вели во соопштението од СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.