Kомисијата за верификација на СДСМ до вечерва добила пет кандидатури за лидер: Зоран Заев, Зоран Јовановски, Игор Ивановски и Кире Наумов, додека петтиот е актуелниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски, кој е предложен од Иницијативниот одбор на оваа партија.
Вечерва на полноќ истекува рокот за поднесување на кандидатури за наследник на Црвенковски, кој од своја страна неколку пати изјави дека нема намера повторно да застане на чело на најголемата опозициска партија.
Утре комисијата, според процедурата ги официјализира кандидатурите, после што започнува трката за лидер на СДСМ на четворицата кандидати, која ќе финишира со јунскиот Конгрес, на 2, кога делегатите го имаат последниот збор.