СДСМ денеска поднесува тужба до Управниот суд против Собранието на Република Македонија, за насилно верификување на мандатите на кандидатите за пратеници од опозицијата. Тужбата ја поднесуваат сите кандидати за пратеници кои со изјави на нотар се откажаа од пратеничките мандати, рече Петре Шилегов на денешната прес конференција
Од СДСМ од Управниот Суд бара поништување на донесената противзаконска и противуставна одлука на собранието за верификација на мандатите.
Собранието на РМ грубо го повреди уставното право на избор на кандидатите за пратеници од опозицијата. Собранието на ЕМ грубо го прекрши изборниот законик, игнорирајќи ја јасно изразената волја на кандидатите на опозицијата, преку изјави заверени на нотар, дека мандатите не ги прифаќаат, вели портпаролот на СДСМ.
Како доказ ги приложи записникот од Собранието на РМ и мислење од ДИК од 2011 година, каде што е јасно констатирано дека избраниот пратеник има право на избор. Овие докази ќе бидат доставени заедно со тужбата до Управниот суд.
Управниот суд е должен да се изјасни во законскиот рок од 7 дена.




