Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Пописот е важен за развојот на државата, безидејното ВМРО-ДПМНЕ пак ги лаже граѓаните

0
By Нова ТВ on January 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на денешното соопштение на владејачката СДСМ, се посочува дека Пописот е неопходен и е потребен за развој на државата, и уште еднаш вината ја префрлија во опозициската ВМРО ДПМНЕ, за која велат дека е против напредокот на земјава и единствена цел им е да манипулираат со граѓаните.

„Целта на пописот што ќе се одржи напролет е да ја утврди реалната слика во државата, да прибере релевантни и кредибилни податоци, врз чија основа ќе се креираат реални стратегии и развојни политики во државата.

ВМРО-ДПМНЕ е против напредокот на оваа земја, а сега тоа го потврдува со обидите да го политизира пописот, за своите партиски агенди и се фокусира на измислици и критики.

Со повиците за бојкот на пописот и најавите за собирање потписи за поништување на законот за попис, ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира граѓаните. Ако во некое место се попишат помалку граѓани од реалната бројка, опозицијата ќе биде виновна ако заради тоа не се изгради болница, градинка, игралиште, ако некој инвеститор не отвори работни места, бидејќи смета дека нема доволно работна сила.

Најавата за собирање на потписи против законот за попис на ВМРО-ДПМНЕ е неискрена, бидејќи само со потписи не се става законот надвор од сила, туку треба нов закон.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговиот шеф Груевски се против интересите на граѓаните и на државата, не сакаат ова земја да успее, но нивните деструктивни политики уште еднаш ќе бидат поразени, како што беа на шестте последни изборни соочувања со граѓаните.

Од една страна изразуваат сомнеж во уште неодржан попис,  од друга страна во 2011 година, со неуспешниот обид, покажаа дека не се кадарни да организираат попис.

Оваа пролет по цели 19 години во државата ќе се спроведе најобемната статистичка операција според сите меѓународни стандарди, во интерес на напредокот на граѓаните и на државата“, стои во соопштението испратено од СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.