Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Преку „Акција 21“ продолжуваме со сериозни инвестиции во енергетиката

0
By Нова ТВ on January 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ e посветен на развој и унапредување на енергетскиот сектор и годинава преку стратешката рамка на Владата – „Акција 21“ продолжува со сериозни инвестиции во енергетиката. Со мерки и политики кои од Енергетската заедница се препознаени како шампионски, ги носиме европските стандарди дома, велат од владејачката партија.

Термоелектраната Осломеј, со инвестиција од околу 60 милиони евра ќе се замени со фотонапонска електрана. На местото на стариот рудник во РЕК Осломеј се градат капацитети за 10 мегавати, а ќе се изградат уште две фотонапонски електрани од по 50 мегавати.

АД ТЕЦ Неготино распиша оглас за изработка на Физибилити студија и веќе во првата половина од годинава ќе се оцени дали ќе се гради нова гасна електрана на истата локација по моделот на јавно приватно партнерство или АД ТЕЦ Неготино ќе се продава. Можната инвестиција е од 200 до 500 милиони евра за нови стотина мегавати еколошки чиста енергија.

Во минатата, 2020 година успешно беа реализирани и првите постапки за доделување на премиум тарифи за изградба на фотонапонски електрани во вкупен инсталиран капацитет од 62,5 мегавати, од кои веќе неколку се пуштени во употреба.

Во првиот квартал од 2021 ќе биде објавен нов тендер за дополнителни 60 мегавати фотонапонски електрани по истиот принцип, а инвестицијата е проценета на над 35 милиони евра.

Во текот на 2021 ќе започне изградбата на втората фаза од ветерниот парк Богданци 2, а ветерни паркови ќе се градат и во Свети Николе, Демир Капија и Дебрца.

Особено важна улога и големо значење во процесот на градење нова македонска енергетика има процесот на гасификација.

Оваа година официјално започнува изградбата на гасовод помеѓу Македонија и Грција со кој ќе се обезбедат дополнителни количини на природен гас. Инвестицијата само за интерконекторот со Грција е проценета на 50 милиони евра, од кои 10 милиони се грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Во фаза на проектирање е гасоводна врска со Косово и со овие два проекта, Македонија ќе биде транзитна држава со природен гас.

Истовремено продолжува изградбата на магистралните гасоводи низ целата држава.

За СДСМ како одговорна партија, која работи во интерес на економијата и на граѓаните приоритет се инвестициите во енергетиката, бидејќи носат развој, помали трошоци за сите, но и поквалитетна животна средина, се вели во соопштението од СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.