-Ќе слушнете како Јанакиески бара од Марјан Ристески список на фирми наводно блиски до СДСМ. Посебен интерес за фирма има Јанакиески за фирмата на Хари Локвенец. Ќе слушнете како се бара казнување, рушење на шанкови и тераси, и како што вели Јанакиески војна степенесто, да видат што е сила, посочи претседателот на СДСМ Прилеп, Сашо Велески, кој во моментов ја објавува опозициската „бомба 17“.
Прилепската опозиција во моментов објавува прислушувани разговори помеѓу министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.
-Направете програма, поднесија на Совет и после удирај… Пополека овие реши ги, па по две недели овие реши ги, се слуша машки глас за кој СДСМ тврди дека е Јанакиески.
-Да знаеш не ги оставам, одговара наводно градоначалникот Ристески.




