Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Професионалците во МВР да го истражат нападот врз Стаменковски

0
By Нова ТВ on July 21, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 21, 2015 15:48


Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов на денешната прес-конференција порача да
престанат насилствата врз новинари, критичари на власта, неистомисленици, врз припадници на опозицијата, што зачестија изминативе неколку месеци.

-Укажуваме дека инцидентот што се случи вчера врз сопственикот на порталот Доказ.Мк, во којшто Марјан Стаменковски заврши со скршена глава и скршен нос со метални шипки, ја прелева чашата на трпението, што може да има натамошни сериозни последици.

Надлежните органи, пред се професионалците во МВР мора веднаш да најдат сила да одолеат на партиските притисоци, да отворат истрага и да го расветлат вчерашниот вандалски напад врз сопственикот на порталот Доказ.Мк, но и сите претходни, а ги има многу.

Повторуваме дека тоа што во Владата сеуште седи тепачот на сопственикот на порталот Мактел, лично вицепремиерот Владимир Пешевски, без да биде покрената каква било постапка против него упатува на скандалозен факт дека нарачател на насилствата е самата власт.

Врв на апсурдот е што синоќа, неколку часа по нападот врз Стаменковски, Ивановски бил повикан во полиција за да му соопштат дека тој ќе биде казнет со 300 евра за тупаниците што ги доби од послушникот на Груевски во ТВ Сител, Александар Спасовски.

Потенцираме дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ преку официјално соопштение порача дека ќе завршат како новинарот Ивановски сите кои со своите прашања го вознемирувале премиерот или функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, мотивира и стимулира насилство.

Како што знаете, со повреди на главата од шипки веќе заврши претседателот на ОО на СДСМ во Центар. Запалени се автомобили на неколкумина поддржувачи на СДСМ, во коишто инциденти еден од нив почина од срцев удар.

Да не говориме за поставувањето венец пред врата на новинар на порталот НОВА и за заканите врз граѓански активисти кои ги критикуваат неразумните политики на власта.

Дали ова е намерата на власта на Никола Груевски, преку пролевање на крв да се спаси од сопствената одговорност?

Порачуваме, дека Груевски и неговите соработници ќе одговараат за сите повреди врз граѓаните на Република Македонија.

Ќе одговараат и тоа многу брзо и оние кои ги кријат и помагаат насилничките инциденти коишто не се ништо друго туку безуспешни обиди да се заплаши критичката јавност, рече Шилегов.

Сопственикот на порталот Доказ.мк, Марјан Стаменковски вчера беше претепан од петмина маскирани лица, во центарот на Скопје, кај кафичот Балет.

Еден од напаѓачите, кои со шипки го претепале, му рекол дека тоа е поздрав од неговата поранешна партија, ВМРО-ДПМНЕ, изјави за НОВА Стаменковски.

Настанот го осудија и од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кои преку соопштение реагираат дека за насилството врз новинарите е одговорен СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 8, 2026

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

ВЕСТИ August 8, 2026

Дваесет и пет години од загинувањето на десетте прилепски резервисти кај Карпалак беа одбележани со…

Иран постави шест услови за САД за да го отворат Ормутскиот теснец

August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

August 7, 2026

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

August 6, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.