Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ промовира кампања, Мицкоски советодавен тим-се подготвуваат ли за предвремени избори

0
By Нова ТВ on October 3, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 3, 2019 15:49

Владејачката партија СДСМ денеска ја промовираше кампањата „На прав пат“ што ќе ја започнат од сабота, 5 октомври од Штип. Како што информира генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски, ќе се одржат 20 трибини, за време на викенд  во поголемите градови, а во работните денови во помалите општини, во попладневните часови.

Од 20 октомври ќе почне и нова кампања „Од врата до врата“ што ќе ја спроведуаат локалните ограноци, каде граѓаните ќе бидат прашани дали се задоволни од работата на функционерите. Преку прашалници, граѓаните можат да се изјаснат дали се или не се задоволни од услугите на институциите на локално и на централно ниво.

Николовски рече дека во завршна фаза се подготовките за реорганизација и зајакнување на Аналитичкиот центар на СДСМ кој ќе биде наменет за решавање на проблемите на граѓаните. Најави и 20 анкети за проблеми на локално ниво.

Денеска СДСМ го промовираше и ребрендирањето во црвено-бела боја.

Пред денешната промоција на кампањите на СДСМ, лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски промовираше тим советници составен од 16 експерти од различни области кои ќе го советуваат за, како што рече „креирање политики“.

Негови, како што ги нарекува, стратегиски соработници се: професорката Гордана Силјановска – стратешки соработник од областа на правото и политичкиот систем. Сашко Кедев – медицина и здравствени политики. Владимир Дуковски професор во пензија стратешки соработник за технолошки развој. Стратешки соработник за економија е Хозе Караско вонреден професор во Мадрид, Шпанија, Игор Дурловски стратешки сорабоитник за култура, Влатко Гигов, државјанин на Швајцарија за стратешки соработник за нови производи и медиуми, а Јанко Баждавела, од Њујорк, за прашања од областа на спортот е Борко Ристовски, за енергетика Сања Божиновска, Ака Махмуд од областа на туризмот, косопственик на ЕРЕК групацијата, за трудово право вонредниот професор Лазар Јовевски, за машинска индустрија и екологија Зоран Марков професор на Машински факултер, за интелектуална сопственост професор Гоце Наумовски, за бизнис и оргнизациски стратегии професор Гоце Андреевски, за корпоративно право Александар Климовски и за банкарска политика Коста Митровски.

Овој тим како што рече, ќе го советува за „Обнова на Македонија“, нешто што како кампања го најави и во видео обраќањето минатата недела.

Кампањи како во предизборие

ВМРО ДПМНЕ подолго време на речиси секоја прес конфренција го истакнува барањето за предвремени избори. Дури и последната лидерска средба за законот за ЈО, Мицкоски ја условуваше со поставување на дневен ред и на ова прашање.

Премиерот Заев, прашан за тоа дали се можни предвремени избори, во секоја прилика одговара дека тоа е најрано моќно во октовмри следната година. Но, денешните промоции речиси истовремено, го отвораат прашањато дали можеби ова е почеток на предизборна кампања.

Мицковски денеска побара предвремени избори во март следната година.

-Јас го понудив март следната година веднаш после средината на Октомври кога очекуваме од страна на Европскиот совет да се произнесе дали Македонија ќе добие датум да отпочнување на преговори , дали нема да добие , дали тоа ќе биде некое условено меѓу решение во целата оваа ситуација . Веднаш потоа да формираме техничка влада, да ги подготвиме институциите за одржување на предвремени парламентарни избори, бидејќи само тоа е начинот како можеме да провериме дали навистина блескаме или блеска криминалот, корупцијата, рекетот и октоподот во оваа држава, рече Мицкоски на прес конференцијата.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски негира дека станува збор за предизборна кампања, туку дека се ова тековни активности на партијата.

Тој го повтори ставот на Заев дека за СДСМ најдобар датум за избори е октомври 2020 година, но одговарајќи на новинарско прашање, не ја исклучи можноста и за на пролет.

-Ние сме целосно подготвени и овој систем на функционирање ќе биде целосно подготвен да одговори на сите потреби на граѓаните, затоа сум сигурен дека во било кој еден момент да има избори, ние сме целосно подготвени, но пред се е интересот на целата земја и интересот на граѓаните во тој поглед, рече Николовски на прес конференцијата и најави поинтензивни партиски активности во следниот период.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.