Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ протестира: Град Скопје ќе се задолжува со кредити

0
By Нова ТВ on October 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 20, 2013 12:51

Со оглед на тоа што советниците во Советот на Град Скопје од редот на Сојузот за иднината, во знак на протест против апсењето на претседавачот на Советот на Општина Центар, не учествуваа во работата на седницата на Советот на Град Скопје која се одржа на 18.10.2013 година на која советничкото мнозинство го донесе предложениот Ребаланс на буџетот на Град Скопје за 2013 година, сакаме преку оваа изјава да го искажеме ставот на Сојузот за иднината за извршениот Ребаланс.
Сакаме да го изразиме нашето големо несогласување за ваквата погрешна политика што ја води градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Со овој Ребаланс на Буџетот на Градот Скопје за 2013 година, се покажа дека проектите што ги понудија ВМРО-ДПМНЕ и Градоначалникот Коце Трајановски се само празни зборови, бидејќи токму тие, први се најдоа на удар со овој ребаланс. Голем дел од проектите кои се најавуваа како капитални и кои требаа да го подобрат како квалитетот на живот на граѓаните на Скопје, така и да создадат поволни услови за понатамошен просперитет на Градот, се одложени за некој иден период.
Се разбира, во неможност да се справат со настанатите проблеми предизвикани од лошата економска состојба во земјата, кои се одразија на намалување на приходите во Буџетот за 2013 година, ВМРО-ДПМНЕ преку Градоначалникот на Град Скопје во својство на предлагач на овој Ребаланс, примени две многу штетни мерки за граѓаните на Скопје:
Прво, со ребалансот ги намали капиталните расходи во буџетот за енормни 30%, при што најголемо намалување од 42% има кај ставката Други градежни објекти. По ставки, намалувањето на капиталните расходи е најзизразено кај: Уредувањето на градежно земјиште со намалување од 30%, 18% намалување на средствата кај поектите за енергетска ефикасност, 18% намалување кај изградба на јавно осветлување, 40% намалување на средствата за изградба на системи за водоснабдување, а средствата за изградба на систем за одведување и прочистување на отпадни води се намалуваат дури за 55%. Она што навистина претставува дебакл на политикана на ВМРО-ДПМНЕ и Градоначалникот Трајановски во Градот Скопје е фактот што средствата за изградба на магистрални и собирни улици на територијата на Скопје се намалени за дури 45%. Ова најверојатно значи одлагање и на проектот Подземна сообраќајница, кој беше еден од главните адути на Градоначалникот Трајановски на последните локални избори.

Второ, со ребалансот се зголеми задолжувањето на Градот Скопје за дополнителни 86,5 милиони денари или за 20% повеќе отколку во првично утврдениот буџет на кредити.

Задолжувањето е исклучиво за да се изградат катни гаражи, каде е направено зголемување на средствата за 32% или од 451,5 милиони денари на 596 милиони денари.

Значи според ВМРО-ДПМНЕ и Градоначалникот Трајановски катните гаражи се примарна цел на Градот Скопје, а се друго што би значело јавно осветлување, изградба на улици и патишта, енергетска ефикасност, заштита на животна средина, изградба на системи за водоснабдување и одведување и прочистување на отпадни води и тн. и што го подобрува квалитетот на живот на граѓаните на Скопје се одлага за некој иден период.

СДСМ ги повикува граѓаните: Да се заинтересирате и да го погледнете овој Ребаланс на буџетот на Град Скопје за 2013 година и самите да се уверите дека со него е направена една неправедна прераспределба на нашите пари и наместо тие да бидат искористена за наше добро, за подобрување на нашиот стандард и квалитет на живот, тие се трошат многу нерационално, а згора на тоа, во иднина ние треба да ја платиме цената и тоа со камата.

Oва е школски пример како не треба да се трошат државните пари, соопштува СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.