Во ревизорскиот извештај, на Државниот завод за ревизија на РМ, за кампањата на СДСМ за предвремените парламентарни избори во 2011 година, јасно е констатирано дека СДСМ работела согласно сите позитивни законски прописи во Република Македонија, реагира СДСМ, на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреби на кампањата на опозициската партија.
Обожавателите на Градски стадион б.б., Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сега бегаат како од оган, и од него и од одговорите што ги чека јавноста.
Премиере Никола Груевски,
Објаснете за каква кампања вашата Влада и префрлила на телевизија Сител 360 илјади евра, само во еден ден, само 23 дена пред локалните избори?
Избројавте ли што се постоело и постои на адреса Градски стадион б.б. освен телевизија Сител, или концентрацијата на фирми на двајца уредници на оваа телевизија, на адресата на овој медиум, според вас е “согласно законот“?
Имате ли да кажете нешто ново за ВИСАРИС МКД или го одобрувате наместениот милионски тендер за фирмата на вашата миленичка Ивона Талевска? Или можеби Вие сте неговиот нарачател?
Како Градски стадион б.б. стана Метастаза б.б. господине Никола Груевски?
Денеска е 20 јануари 2014 година и граѓаните чекаат одговори на овие прашања.




