Наастаните поврзани со потпишувањето на извештајот и полтичките тензии влегоа и во Собранието. СДСМ го поздрави потшишувањето на Извештајот и најави дека пратениците на оваа најголема опозицикса партија се враќаат во Собранието во полн капацитет.
Со оглед на фактот дека веќе е очигледно оти работата на Комисијата ќе има епилог и извештај доследни на своите ставови, исполнувајќи го докрај мартовскиот договор, и најмногу во интерес на македонските граѓани, ве информирам дека нашето досегашно формално учество во Собранието завршува и во неговата работа се враќаме во полн капацитет, како што тоа го правевме пред 24 декември – рече Игор Ивановски. Во неговото обраќање тој предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори го нарече „блеф“.
На ова реплицираше пратеничката од ВМРОПМНЕ , Силвана Бонева.
Ние сме избрани да ја одведеме Република Македонија онаму каде што сакаат граѓаните – во големото европско семејство, а не со насилство и тензии да го попречуваме патот на Република Македонија кон Европската унија. Потпишувањето на денешниот извештај не го крие вашиот срам, кој го видоа граѓаните на 24 декември. Подготвени сме сè да потпишеме само во интерес на Република Македонија. Република Македонија и европските интеграции се над сè. Извештајот не е валиден за нас, а на избори, ако сакате, веднаш ќе одиме да се види вашата вистина – рече Бонева.




