Мила Царовска, претседателка на Советот за социјална политика го обвини синдикалниот лидер Живко Митревски за добивање на функција во Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, но и дека неговата сопруга добила директорско место на Јавната установа Детска градинка Мајски цвет во Битола.
-Не една, не две, туку најмалку три топли фотељи обезбедил од власта синдикалниот лидер Живко Митревски.
Не само што Живко Митревски е лидер на Созузот на Синдикати на Македонија за што прима плата.
Не само што Живко Митревски во јануари годинава добил место во Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, што му обезбедува двоен месечен приход. Со потпис лично на Груевски, само 6 дена откако ССМ ги поддршка на штетните закони за администрацијата предложени и усвоени од ВМРО-ДПМНЕ.
Живко Митревски бил награден од Владата на Никола Груевски и веднаш по контроверзното преземање на лидерската позиција на Сојуз на синдикати на Македонија, на 28 октомври 2010 година.
Само два ипол месеца по седнувањето на Митревски во фотељата на ССМ, сопругата на претседателот на Сојуз на синдикати е назначена за директорка на Јавната установа Детска градинка Мајски цвет во Битола.
Од јануари 2011 година под раководната палка на сопругата на Живко Митревски се 7 градинки во Битола. Eве кои: Мајски цвет, Коца Василева, Славејче, Пеперутка, Качунка, Кожиче и Звездички.
Од сите вработени во овие 7 градинки, токму правничката во градинката Мајски цвет, сопругата на Живко Митревски, е избрана за најспособна да директорува со градинките, само два ипол месеци од именувањето на Митревски за претседател на Сојузот на синдикати на Македонија.
Ете овој синдикален лидер ги застапува работничките права пред Владата и премиерот Груевски.
Овој синдикален лидер кој, срамно, во името на работниците, ја договори со власта минималната плата, којашто до 2018-та година требала да достигне дури 10.800-тини денари.
Со ова на работниците им ја гарантира сиромаштијата до 2018-та година.
Додека работниците кои работат по неисправни скелиња, под секакви временски и други услови чекаат минимални примања што им доцнат со месеци, Митревски, кој си обезбедил три функционерски месечни приходи, им спакува плата од 10 илјади на работниците и тоа за после 4 години!
А за својот надоместок во Управниот одбор на ПИОМ уште позапрепастувачки говореше дека бил САМО 4 ипол илјади денари.
Колку независен и може да биде синдикалецот Митревски во одбраната на работниците што ги претставува, покажуваат трите фотељи со коишто го држи власта на Никола Груевски.
Со што ги замолчавте и купивте со народни пари другите синдикални лидери премиере Никола Груевски, обини Царовска.




