ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку години се преповторува на речиси исти прес конференции, објави СДСМ, реагирајќи на обвинувањата кои се однесуваат на јавните набавки во Струмица.
-ВМРО-ДПМНЕ ги контролира сите институции во државата. Истите тие институции под нејзина контрола по неколку пати ги проверуваа сите јавни набавки во Општина Струмица и констатираа дека јавните набавки се спроведени согласно законите.
Повторуваме, целокупната тендерска документација за сите јавни набавки во Општина Струмица е објавена. Таа е достапна и за ВМРО-ДПМНЕ и за македонската јавност.
Во период кога СДСМ и задава силни удари на власта, откривајќи сериозни скандали поврзани со криминал и корупција, наместени милионски тендери, предизборна корупција на медиуми, криење на станови и разграбање на државно земјиште во центарот на главниот град за 71 денар, ВМРО-ДПМНЕ немоќна да се справи со овие скандали бега од одговорите што и ги должи на македонската јавност, соопшти СДСМ.




