Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Скопје 2014 е самовластие на еден човек

0
By Нова ТВ on April 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 24, 2013 14:59

Советот за култура при СДСМ денеска излезе со соопштение за неодамнешниот отчет за Скопје 2014 од страна на министерката за култура Елизабета канчевска и поранешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ.

Во соопштението се вели:

-Советот за култура при СДСМ се спротивставува на замајувањето на јавноста, што Министерката за култура и поранешниот градоначалник на Центар го изведоа со долгометражната прес-конференција за проектот „Скопје 2014“, глумејќи отчетност откако граѓаните ги казнија токму за зулумот и за срамот што ѝ беше нанесен на државата преку него. Таа прес-конференција само го потврди она што граѓаните одамна го знаеја. Дека проектот, меѓу другото, е и финансиски скандал, не „перење“, туку „гнасење“ на тешко спечалените народни пари, потрошени на астрономски и со ништо заслужени хонорари и набавки на реквизити по цени на кои би им позавидел и емирот од Катар.

Советот за култура при СДСМ предупредува дека проектот „Скопје 2014“ не треба да се исцрпува само како финансиски скандал. Да потсетиме дека Скопје не осамна на насловните страници на сите светски весници по финансискиот скандал, туку и како „престолнина на кичот“, односно дека срамот на нацијата ѝ беше нанесен по многу други основи.

Штетноста на овој проект е што зад површинската појавност на една измамничка архитектонска и скулптурална претстава ги урива вредносните системи во културата, ги суспендира уставноста и правната држава, ја злоупотребува историја и ги поместува темелните камења на националниот идентитет.

„Скопје 2014“ не произлегува од подлабокото разбирање на културата и нацијата, ниту од професионалната уметничка или архитектонска мисла и практика. Тој проект е политичко-пропаганден манифест на партијата на власт, демонстрација на самовластие на еден човек кој ги донесува сите урбанистички, архитектонски и споменички одлуки. Ова самовластие се реализира низ инфраструктурата на државните органи, со јавни средства, а се изведува како вид културен инженеринг кој сака да го промени идентитетот на нацијата и граѓаните да ги држи во потчинетост со помош на еден помпезен и мегаломански (а всушност, брутално простачки) национализам.

Голем проблем на „Скопје 2014“ е што е донесен и изведен по сосема недемократски пат, со кршење, заобиколување и насилно преправање на процедурите. Очекуваме ревизијата да ја разоткрие правно-процедуралната и културната димензија на случајот; да даде одговор на прашањата кој е автор на целиот проект, по чија иницијатива и со какви намери е покренат, зошто и како се носени одлуките, кој дал согласност и врз основа на какви стандарди и критериуми се дадени дозволите, се вели во Советот за култура при СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.