Published: Thursday, April 2, 2015 13:18
Денеска во 14 часот, во просториите на ОО СДСМ Куманово на прес-конференцијата на најголемата опозициска партија ќе се обрати Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово.
Се очекува на оваа прес-конференција да се обелоденат прислушувани телефонски разговори кои се поврзани со овој град, од проектот „Вистината за Македонија“.
Претходно, вакви прес конференции се одржаа за изборите во скопската општина Центар и во Струмица.




