Видлива е конфузијата на владата на ВМРО-ДПМНЕ по промоцијата на предлог мерките на СДСМ.
„Лото министерот Зоран Ставревски вчера набрзина излезе со предлог за организирање на наградна игра со фискални сметки.
– Станува јасно дека власта нема што да им понуди на граѓаните, па животот им го сведе на лото. Со ВМРО-ДПМНЕ животот во Македонија е лотарија каде добиваат само партиските членови и поддржувачи на владејачката партија.
– Наместо лото министри и лото мерки СДСМ на граѓаните им нуди конкретна, издржана програма и мерки за повраток на дел од парите од данокот, кој секојдневно и насекаде го плаќаат“, изјави пред новонарите Петре Шилегов од СДСМ.
Со економскиот концепт на СДСМ, во кој спаѓа и предлог мерката за повраток на 15% ДДВ, сите граѓани се добитници.




