Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ со закон за зголемување на платите, без работодавачите да платат придонеси за зголемениот дел

0
By Marija Todorovska on March 3, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеничката група на СДСМ предлага законско решение кое ќе им помогне и на работниците и на компаниите, а ќе обезбеди и дополнителни приходи во буџетот, рече на денешната прес – конференција пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска.

Се соочуваме со реален проблем – платите во Македонија се уште се ниски, а трошоците за живот постојано растат. Работниците се борат да врзат крај со крај, а многу од нив размислуваат да ја напуштат државата во потрага по подобри услови. Од друга страна, и работодавачите сакаат да ги зголемат платите, но честопати не можат поради високите придонеси кои мора да ги плаќаат, истакна Лукаревска.

Со овој закон, кој СДСМ ќе го достави во Собранието, како што посочи Лукаревска, работодавачите во приватниот сектор ќе можат да ги зголемат платите на своите вработени за износ од 3.000 до 15.000 денари, без да мора да плаќаат придонеси за тој зголемен дел.

– Придонесите за пензиско, здравствено и социјално осигурување се замрзнуваат на просекот од последните три исплатени плати на работникот. Ова замрзнување важи во период од една година, што значи дека работодавачите нема да имаат дополнителен финансиски товар при зголемување на платите, појасни таа.

Говорејќи за тоа кои компании за кои работници може да добијат ослободување, Лукаревска појасни дека ќе се однесува за работници за кои компаниите исплаќаат нето плата која не повисока  65.380 денари.

Вакви работници има околу 400.000 кои би можеле да добијат повисоки примања без зголемени трошоци за компаниите. Ако просечното зголемување на платата биде 7.500 денари за 400.000 вработени, тогаш вкупното покачување на платите на национално ниво би било 585 милиони евра. Односно подетално, 400.000 работници × 7.500 денари во просек × 12 месеци = 36 милијарди денари или 585 милиони евра) дополнителен приход за граѓаните годишно, појасни Лукаревска.

Иако работодавачите нема да плаќаат придонеси за ова зголемување, како што посочи Лукаревска, тие сè уште ќе плаќаат данок на личен доход (10%), што значи дека во државниот буџет ќе се слеат 58,5 милиони евра дополнителни приходи од данок на личен доход.

Според неа, во реалноста тоа ќе значи дека работниците добиваат поголеми плати, што значи повисок животен стандард, компаниите не се оптоваруваат со дополнителни трошоци, што ги охрабрува да инвестираат во своите вработени, а државата добива повисоки приходи, без да воведе нови даноци или да зголеми буџетски трошоци. Оваа мерка е паметна, правична и издржана. Го поттикнува растот на платите, ја зајакнува економијата и создава стабилност и сигурност за работниците и компаниите, рече Лукаревска.

Таа ги повикува парламентарното мнозинство и Владата да го поддржат овој закон.

Нема никаква оправдување зошто ова законско решение не би било изгласано. Ова не е политичко прашање – ова е прашање на животниот стандард на граѓаните. Ако власта го одбие овој закон, тоа значи дека свесно се спротивставува на зголемувањето на платите и на подобрувањето на економската состојба. Очекуваме одговорност, очекуваме поддршка и очекуваме сите пратеници во Собранието да застанат зад интересите на граѓаните. Платите мора да растат, време е за вистински мерки, а не за празни ветувања, истакна на прес-конференцијата Лукаревска.

закон плата Сања Лукаревска СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.