Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Спорните и фантомски гласачи мора да бидат теренски проверени

0
By Нова ТВ on March 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 19, 2016 15:40

Социјалдемократскиот сојуз денеска реагира дека согласно Методологијата за прочистување на Избирачкиот список што ја усвоија во ДИК претставниците на сите 4 партии од власта и опозицијата, теренски ќе бидат проверени спорните и фантомски гласачи во Избирачкиот список.

„Никола Груевски и неговите соработници 10 години ги лажат, крадат и малтретираат граѓаните, одржувајки се на власт на криминален начин. Сега ќе се соочат со нивните фантоми.
Да не сонуваат Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дека можат да избегаат од нив. Ќе бидат теренски проверени спорните и фантомски гласачи во Избирачкиот список. Ова беше договорено, откако ВМРО-ДПМНЕ го одби предлогот за целосна теренска проверка на Избирачкиот список.

10 години ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не ги решија проблемите во Избирачкиот список.

Си знаат тие, растел бројот на фантомски гласачи во Избирачкиот список, но затоа што од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги додавале и множеле за да крадат избори.Највисоките функционери на власта и ВМРО-ДПМНЕ се под истрага за злосторничко здружување за изборни измами. “ се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак тврдат оти фантомските гласачи се креирана лага на опозицијата.

– Обидот е всушност таканаречено меко приземјување. Од 500 илјади, колку што лажеа тие и нивните медиуми, нивната битка во текот на вчерашниот ден се сведе на обид барем да се проверат 150 или 160 илјади. Се со цел за да не биде одеднаш, од 500 илјади да паднат на 5.000 проверки, па одлагањето на изборите на 24ти април да ја изгуби својата смисла, и да се види големата лага и манипулација што ја правеа веќе 2 години во земјата, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата партија на власт потенцира дека проверката не значи дека некој е фантомски гласач или дека некој направил некоја неправилност.

Инаку вчера седницата на Државната изборна комисија беше закажана за во 18:30 часот, но иако седниците треба да бидат јавни, новинарите беа оставени да чекаат надвор до 22 часот без притоа да им биде одговорено на прашањата што всушност се правеше зад затворени врати во ДИК без јавноста да има увид во тоа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
ФОКУС
March 16, 2026Updated:March 16, 2026

Нов брз удар по џебот на граѓаните – горивата пак поскапеа

ВЕСТИ March 16, 2026

Значително поскапување на горивата стапува на сила од ноќеска на полноќ, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе…

Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани

March 16, 2026

Една година од несреќата во Кочани: „2 часот и 32 минути. Во ‘Пулс’. Во тој миг 63 млади срца престанаа да чукаат меѓу нас“

March 16, 2026

Генералниот секретар на ИТУЦ до Мицкоски: Загрижени сме за притисоците врз синдикатите

March 15, 2026
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.