Дека нема милост кај Груевски и неговиот извршител Горан Трајковски кога се работи за полнење на празната буџетска каса покажува најновата акција на УЈП. Во кратовското селце Страцин, кое има околу двесте жители, се затворени двете селски продавници, од кои со основни намирници се снабдуваат жителите на селото, соопштуваат од СДСМ.
Во соопштение се вели: Тоа што очајните селани го искажале на состанокот со ОО на СДСМ од Кратово е висината на казните. 3.200 евра! Додека вкупната вредност на производите во двете продавници била едвај 500-тини евра.
– Сега жителите на селото Страцин за основните потреби, леб и млеко, ќе треба да одат до следната најблиската продавница, на оддалечост од дури 10 км. Или да патуваат до Кратово.
СДСМ веќе укажа дека на удар на УЈП се најранливите економски субјекти: локални продавнички, кафулиња, берберници кои едвај преживуваат. Најголем дел од граѓаните и фирмите, прво станаа жртва на катастрофалните економски политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, а сега треба преку казни да ги пополнуваат дупките од нивното расипничко празнење на Буџетот.




