Published: Saturday, July 19, 2014 14:54
Го исполнивме нашето ветување пред граѓаните на Центар и Скопје: Советниците на СДСМ и коалициските партнери ги спречија бизнис – интересите на власта, што имаа за цел да го соголат Водно, со градби од 10 ката, коишто сеизмички го загрозуваат главниот град.
Одлуката на советниците на СДСМ и коалицијата да ја напуштат седницата се покажа исправна и ефикасна. За деталните урбанистички планови гласаа само 11 советници, што согласно член 62, став 2 од Законот за локална самоуправа, е недоволно за нивно усвојување.
Ќе продолжиме одлучно да се спротивставуваме на обидите на урбаната мафија да го загрозува здравјето и безбедноста на скопјани, како овој пат, за бизниси вредни над 630 милиони евра, соопштуваат од СДСМ.




