Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Владата избегнува дебати и се крие зад „монолози“

0
By Нова ТВ on October 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 19, 2013 15:12

„Започнатото претставување на програмата на СДСМ кај владата предизвикува очигледен паничен страв“, ја започна денешната прес конфереција Драган Тевдовски, член на ИО на СДСМ.

– Сведоци сме дека, во последните неколку денови, владата три пати повеќе зборува против мерките предложени од страна на СДСМ, отколку што зборува за Извештајот на ЕК, кој и без тоа е полн со критики. Едновремено, владата избегнува дебати, па се крие зад „монолози“ на највисоки владини функционери давани на одделни медиуми, или зад јасно навредувачки партиски соопштенија и прес конференции. При тие настапи, владата делува преку брзоплето направени искривувања на предлозите на СДСМ, кои нејзините претставници упорно ги повторуваат, со цел да се искористи максимата: многупати повторената невистина станува вистина. Но, ефектот е сосема спротивен – граѓаните согледуваат понуда од СДСМ, ја дебатираат и оценуваат и ја прифаќаат.

Уште еднаш накратко некои делови од понудата на СДСМ:

• Предлогот за враќање на 15% од ДДВ ќе значи пораст на куповната моќ на граѓаните, ќе ја намали даночната евазија и ќе донесе редица други позитивни ефекти врз стандардот на граѓаните. А навистина е многу срамно и без преседан тоа што, во напорот да биде оцрнет овој предлог на СДСМ, вицепремиерот „ги наведува и подучува“’ бизнисмените како би можеле да прават криење на прометот и данокот! Или пак, се работи за тоа дека така власта си ги открива своите скриени начини на работење?

• Предлогот за воведување на праведен данок на доход (стапки од 9% и 18%) ќе значи помало оданочување на сиромашните граѓани и средната класа, а поголемо на богатите граѓани. Бидејќи, спротивно на тврдењата на претставниците на власта, сосема е јасно дека постојните ослободувања кај оданочувањето на платите на вработените ќе останат, па пониските стапки ќе значат помали даноци;

• Предлогот за изземање на приходот од земјоделска дејност од основицата кај данокот од доход, меѓу останатото, ќе значи и намалување на влезните трошоци за земјоделската дејност. Во таа смисла, навистина смешно звучи тврдењето на власта дека, за „вистинските земјоделци“ е добро да плаќаат данок, бидејќи така ќе се одвоеле од оние на кои земјоделието им е споредна дејност!

• Можноста за донирање средства и ослободување до 30% од данокот на добивка кај претпријатијата е модел кој е испробан и многу успешно применет во повеќе држави. А тоа што власта го толкува како можност за „перење пари“, всушност повторно може да значи откривање на нивниот начин на размислување.

• Воведувањето на праведен данок на имот исто така е сосема во согласност со идејата за враќање на средната класа во Македонија; Тие што имаат повеќе, треба и да платат повеќе.
СДСМ ќе продолжи со изградување на својата програма и со објавување на својата понуда. Во таа смисла, исто така сакам да Ве информирам дека денес во СДСМ се одржува дебата, на која се дискутира зошто е загрозена иднината на македонските граѓани, но и се анализираат многу начини и решенија како таа иднина може да се обезбеди. Само некои од нив се:

– Нови приоритети во развојот на економијата да бидат малите и средните претпријатија, долгорочните инвестиции и растот на платите. Овие три приоритети се во потполна спротивност на досегашните приоритети на развојот на економијата: странски директни инвестиции, краткорочна ориентираност на јавните инвестиции и ниска цена на трудот.

– Мерки за зголемување на транспарентноста на јавните трошења, како на пример: воведување на обврска за објавување на точниот број на вработените во јавниот сектор; обврска за објавување на списоците на корисниците социјална помош и субвенции; воведување на јавно достапна интегрирана интернет апликација на сите буџетски корисници, и воведување на систем на единствен дигитален потпис за секој граѓанин.

– Прaведност во плаќањето на клучните јавни услуги. На пример, месечниот надомест за одење на дете во градинка за семејство кое што има месечен приход од 120 илјади денари, не може да биде ист со оној на семејство чии што месечен приход од 22 илјади денари. За второто семејство треба да се овозможи големо ослободување од плаќањето на месечната рата за детето во градинка.

Заклучоците од оваа работилница ќе бидат доставени до органите на партијата на разгледување, рече на крајот Драган Тевдовски, член на ИО на СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.