Власта троши огромни суми народни пари за себерекламирање. За само две рекламни кампањи во здравството Владата на Никола Груевски склучила договори во вредност од 45 милиони денари или 740 илјади евра, објави Максим Димитриевски, член на ИО на СДСМ.
Според СДСМ кампањата „за информирање на граѓаните и здравствените работници за можностите кои им се на располагање“ ги чини граѓаните 578 илјади евра.
– Друга кампања, за наводно подобрената здравствена заштита е тешка 161 илјади евра.
– Дури 740 илјади евра народни пари потрошила Владата за осмислување и реализација на само две кампањи. Значи во оваа сума не влегува емитувањето на спотовите на медиумите што чини илјадници евра по ден.
„Пресудно за Владата во изборот на изработувач на кампањата бил квалитетот а не цената, што на пример не е така во изборот на лекови за позитивната листа, или при набавките на вакцините за децата.
Или на пример, последниот скандал со болницата во Крива Паланка. Објектот се распаѓа, апарати речиси и да нема, ама склучен е договор со агенцијата за обезбедување на имоти и лица СГС во износ од 60 илјади евра“, рече Димитриевски.
Тој потсети на проблемите во здравството: сма година болницата во Штип е во најава, пациентите од болницата во Велес се препраќаат да се лекуваат дома.




