Published: Friday, November 1, 2013 14:08
Очигледно е дека вчерашното пратеничко прашање на Радмила Шекеринска до премиерот Никола Груевски ја погоди целта, соопштува СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи да ги одбрани и заштити Сашо Мијалков и неговиот братучед Никола Груевски. Одговара со закани и заплашувања.
Без оглед на заканите, СДСМ ќе продолжи аргументирано на македонската јавност да ги презентира документите и фактите за материјалната и финансиската состојба на високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ, што тие одбегнуваат да ја објават, а што е нивна законска обврска.




