Граѓаните се прашуваат разбира ли воопшто ВМРО-ДПМНЕ што се државни инистутции и како не можат да направат разлика што е партија а што државна институција, реагира СДСМ по денешните обвинувања на ВМРО – ДПМНЕ за непотизмот при јавните набавки во општина Струмица.
„Очигледно за ВМРО-ДПМНЕ единствена институција е нивниот Центар за комуникации. Оттаму обвинуваат таму пресудуваат“, велат во СДСМ.
Стамов: Тендерите во Струмица надвор од законите
Оттаму велат дека наместо прес конференции на кои се вадат стари обвинувања, државните институции, под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, нека повелат во општина Струмица вратите им се отворени.
СДСМ по којзнае кој пат прашува кога Никола Груевски ќе одговори:
– Дали е непотизам и судир на интереси назначувањето на првите братучеди и кумот на премиерот Груевски за контролори на севкупниот општествен и стопански живот во Македонија, преседан незабележан во поновата политичка историја на Европа?
– Дали Сашо Мијалков, братучедот на Никола Груевски се стекнал со фантастични една милијарда евра?
– Како Гордана Јанкулоска, Влатко Ѓорчев и други високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, се збогатиле од чиновнички плати?
– Дали Груевски, Мијалков и Ставрески се мозокот на операцијата во којашто, во последниве 7 години, се одлеани повеќе од 3,5 милијарди евра пари на граѓаните во непознат правец и во приватни џебови?
Експресна рекација од ВМРО-ДПМНЕ во која е наведено:
– СДСМ и понатаму продолжува да не дава конкретни одговори за моралната и етичка одговорност на нивниот претседател Зоран Заев.
– Како што веќе кажавме тој делел јавни набавки на фирмите од неговиот семеен и политички систем за испумпување на пари од Општина Струмица. Наоѓал начини како да ги заобиколи законите и за тоа потврдуваат доказите кои што ние секој ден ги презентираме.
– СДСМ треба да престане со измислици и лаги да се вади од скандалот во кој се заглавени до гуша, реагита ВМРО – ДПМНЕ.




