ВМРО – ДПМНЕ однапред прејудицира можни проблеми во дебата за Буџетот што престои со цел да го дефокусира вниманието од суштинското прашање, како се трошат парите на граѓаните од страна на оваа Влада на Никола Груевски, реагира СДСМ на изјавта на Силвана Бонева дека опозицијата би требало да биде конструктивна при носењето на буџетот.
СДСМ е подготвена за дебата и соочување на факти и аргументи за намената на парите на граѓаните, и како и секогаш за работа согласно собранискиот Деловник, Законот и Уставот, велат од партијата.
„Поднесувањето амандмани е деловничко право на пратениците, а Комисијата за финансирање и буџет секогаш и работела според Деловникот на Собранието, така што прозивките на ВМРО-ДПМНЕ се само обид за поместување на тежиштето од вистинското прашање. Дали и власта е подготвена како СДСМ за носење на Буџетот со дебата и конструктивност, наместо со полиција, како што се случи лани“, прашуваат од СДСМ.




