СДСМ смета дека, владеачката партија преку УЈП сее страв и закани кон граѓаните
,,Деновиве посебно, токму овие мали правни субјекти, кои едвај преживуваат, се во агендата на УЈП. Им се изрекуваат казни во илјадници евра, за кои може само да сонуваат да ги заработат. Пломби на вратите. Лица во грч на луѓе кои ги изгубиле минималните примања, бизнисот, прехраната на семејството. Тоа е реалната слика за тоа што се случува низ Македонија. Ќе посочиме неколку примери, од бројните дојави од граѓани и фирми од цела Македонија кои во очај се обраќаат до СДСМ. Според податоци од Централниот регистар Битола, во акција на УЈП спроведена во средината на минатиот месец се затворени 16 мали трговски субјекти. Според нашите информации од теренот, станува збор за авто- перални, книжари, дуќанчиња за ќерамика…мали фирми, со по еден-двајца вработени и управител, изјави портпаролт на СДСМ, Петре Шилегов.




