Жалиме што владејачката партија во својот веќе одамна познат манир на политичко дејствување, продолжува да се однесува несериозно, се вели во одговорот од СДСМ по денешниот предлог на ВМРО – ДПМНЕ.
„Очигледно под притисок сака јавно да одглуми конструктивност, а предлага нешто што нема никаква логика, и одамна е ставено ad-acta и не е предмет на било какви разговори“, сметаат од СДСМ.
СДСМ до сега на ВМРО-ДПМНЕ му предложи седум кандидати за претседател и прифати еден од предлозите на власта кој не се реализираше.
„За вакво крупно политичко прашање ние немаме намера да се препукуваме или докажуваме преку медиумите.
Она што е наш став дека консензусот како механизам за одлучување, особено за настаните пред и на 24ти декември, може да биде злоупотребен како механизам за блокада со која Комисијата никогаш нема да ја заврши својата работа, што не смее да биде ничија цел“, сметаат од СДСМ.
СДСМ останува отворен за конструктивни предлози кои ќе бидат во интерес на граѓаните на Република Македонија.