Во Струмица, каде градоначалник е Зоран Заев, тендери се добиваат низ законска постапка, и ги добиваат оние што понудиле најниски услови на пазарот, факт што јавно го потврди и фирмата „АЛ-МАКС“ во сопственост на Васил Пишев, актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, регираат од СДСМ.
Според нив нема поголема дрскост, безобразлук и понижување на граѓаните од поставувањето на првите братучеди и кумот за контролори и трошачи на парите на граѓаните. Во поновата политичка историја на Европа, ваков случај на непотизам не е забележан!
ВМРО-ДПМНЕ, за фирмите на Заеви ги вади истите документи со години наназад, пред секој изборен циклус, сметаат во СДСМ.
Прашањето е кога господинот Никола Груевски ќе и одговори на јавноста:
– Дали неговиот братучед, Сашо Мијалков заработил една милијарда евра на грбот на македонските граѓани?
– И, дали тој, Мијалков и Ставрески се мозокот на операцијата во која што последниве 7 години се одлеани повеќе од 3,5 милијарди евра пари на граѓаните во непознат правец и во приватни џебови?
Уште еднаш посочуваме, на темата чест и морал со Груевски во иднина Претседателот на СДСМ ќе разговара единствено на директно телевизиско соочување. Па нека проценат граѓаните чија одлика се честа и моралот. На Заев, или на Груевски.




