Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ постигна извонреден успех. Прво, успеа луѓето од Струмица, како Панче Орцев, Динчо Иванов и други да ги направи препознатливи и популарни во цела Македонија. Второ, успеа да докаже како во општина Струмица, во легална законска процедура се добиваат тендери, и зошто владата не може да најде ама баш ништо незаконско во тендерските постапки во Струмица. За разлика од тендерите и анкесите на договорите што ги реализира владата на Никола Груевски, реагираат денеска од СДСМ.
Ивановски: Функционери заплетени во мрежата на Заеви
СДСМ по којзнае кој пат ги постави истите прашања:
– Дали е непотизам и судир на интереси назначувањето на првите братучеди и кумот на премиерот Груевски за контролори на севкупниот општествен и стопански живот во Македонија, преседан незабележан во поновата политичка историја на Европа?
– Дали Сашо Мијалков, братучедот на Никола Груевски се стекнал со фантастични една милијарда евра?
– Како Гордана Јанкулоска, Влатко Ѓорчев и други високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, се збогатиле од чиновнички плати?
– Дали Груевски, Мијалков и Ставрески се мозокот на операцијата во којашто, во последниве 7 години, се одлеани повеќе од 3,5 милијарди евра пари на граѓаните во непознат правец и во приватни џебови?
Уште еднаш ќе посочиме, велат во СДСМ, на темата чест и морал, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, е подготвен на директно телевизиско соочување со Никола Груевски, кога премиерот ќе собере храброст за ваков јавен настап.




