СДСМ побара од власта да одговори кој го поставил споменикот на Цар Душан и дали е тој легално поставен.
-Укажуваме дека оградувањето на Министерството за култура од поставувањето на
споменикот на Цар Душан и молкот на институциите за тоа кој го поставил, остава
простор за реакции со можни штетни последици. СДСМ потенцира дека сите институции се во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ! Доколку не го поставило Министерството за култура дали тоа значи дека споменикот е диво поставен и што ќе се преземе во тој случај се вели во соопштението на опозициската СДСМ.
Наместо власта на Груевски да го пушта коалицискиот партнер Стоиљковиќ со говор
на омраза да подгрева меѓуетнички тензиии, СДСМ категорично бара надлежните
институции да излезат со конкретни информации за конкретниот случај.
Целата одговорност во врска со овој случај е кај власта и бараме сериозност од
премиерот Груевски и Владата во неговото решавање потенцираат од СДСМ.




