Голем број на приматели на социјална помош ќе останат без паричната помош поради тоа што пред неколку дена сметките им беа блокирани за неплатена радиодифузна такса тврдат од Советот за социјална политика на СДСМ.
-Владата на ВМРО ДПМНЕ блокираше сметки на примателите на социјална помош за неплатена радиодифузна такса. Иако извршителите не смеат да извршуваат пари кои се наменети за парична социјална помош сепак тоа се случува. Наместо владата да воведе мерки за неплаќање на јавните сервиси за најранливите категории на граѓани таа се обидува присилно дури и од нив да наплати за да го наполни буџетот, изјави на прес конфереција Мила Царовска претседателка на овој Совет.
Царовска нагласи дека цели 11 месеци Владата нема исплатено субвенции за потрошувачка на енергија. Извршители ги блокираат сметките на примателите на социјална помош и го чекаат првиот прилив за да наплатат дури и од оние кои се субвенционирани.
-Истражувања спроведени во Македонија покажуваат дека дури 65% од сите домаќинства што примаат социјална помош условите за живот им се строго ограничени. Поради недостаток на ресурси и неможноста да си ги покријат месечните финансиски трошоци.Тоа е поразителен факт во смисла на целосна неефективност на системот на социјална заштита во Република Македонија велат од СДСМ.




