Исклучително е чудно како токму синдикалниот лидер на здравствените работници од Клиничкиот центар, кој го предводеше штрајкот на лекарите, е осомничен и притворен за примање мито реагираат со соопштение од СДСМ.
СДСМ воедно укажува на лицемерие на институциите во Македонија, коишто се мајка за власта, а макеа за сите останати.
На пример човекот за кој постои аудио доказ дека земал поткуп од 1.500.000 евра и тој човек е лично Никола Груевски, слободно прави Влада без која било институција да смее да мрдне со прст, додека на секој чекор се затвораат неистомисленици со политиките на власта.
Институциите се под очигледна, тотална контрола на власта на Никола Груевски, поради што е сериозно нарушена довербата на граѓаните во системот којшто треба да ги штити се вели во соопштението на СДСМ.




