Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ:Да се воведе младинска гаранциска шема

0
By Нова ТВ on December 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 29, 2013 16:22

Македонија мора да ја воведе таканаречената Младинска гаранциска шема, како државите членки на ЕУ бидејќи половина млади во Македонија (51%) не учествуваат во пазарот на трудот.

Ова е заклучокот од заедничката работилница на Советите на СДСМ за ЕУ интеграции, за образование, за социјална политика и за локална самоуправа.

Суштината на оваа шема е државата да преземе обврска на младите да им понуди квалитетни понуди за вработување, натамошно образование, практиканство или дообука во рок од четири месеци откако ќе станат невработени и ќе се пријават во Агенцијата за вработување или откако ќе го напуштат формалното образование, велат од СДСМ.

Со жалење констатиравме дека иако Република Македонија ги има донесено сите потребни стратегиски документи за решавање на проблемот на невработеноста на младите, ништо практично не е направено за да се смени состојбата со младите. Згора на тоа, младите се третираат како маргинализирана осиромашена група во општеството, а не како ресурс за развој на државата, вели Лидија Димова претседател на Советот за ЕУ интеграции на СДСМ.

Средствата наменети за активните мерки за вработување во Буџетот на Република Македонија од година во година се намалуваат. Ако во 2011 година тие биле околу 500.000.000 денари (или околу 8 милиони евра), во 2012 година нивниот износ се зголемува на околу 600.000.000 денари, односно околу 10 милиони евра, за во 2013 година износот повторно да падне на 550.000.000 денари, што е околу 9 милиони евра. И во буџетот за 2014 година, бројката е намалена на 500.000.000 денари, односно 8 милиони евра.

Стратегијата за вработување на млади до 2015 година има и финансиска конструкција. За жал, средства за неа гледаме само кај IV-та компонента на ИПА, но потсетуваме дека ИПА може само да ги надополнува државните средства, но никако и да ги замени! На ваков начин се загрозува и принципот на дополнителност на ИПА, а со тоа и опасност од губење на средствата, велат од СДСМ.

За таа цел СДСМ предлага итно да се воведе инклузивен начин – Младинска гаранциска шема, која ќе создаде сигурност кај младите и ќе ја зголеми нивната доверба во институциите на системот. ИПА IV-компонента да се стави во функција на ваквата шема. Тековните активни мерки за вработување мора да се ревидираат и да се отворат и за граѓанскиот сектор. Мора да се воспостави Националната рамка за квалификации, и да се признае неформалното и аформалното образование. За полесно социјално вклучување на неактивните млади во локалните заедници, пожелно е да се создаде и Младински портал. Во најблиското соседство веќе има вакви шеми така што соработката на младите може да се одвива и на регионално ниво и да се формираат регионални мрежи на бизнис-ангели предлагаат од СДСМ.

Кај мерките за субвенционирање нови вработувања, СДСМ предлага да се воведе извозен ваучер (покривање на трошоците за хотел, авион, саемско учество итн.) на извозно ориентираните претпријатија кои би се обврзале да вработат или да примат млади практиканти. За да се зголеми самовработувањето, субвенционирањето мора да биде 10.000 евра, а банките треба да се вклучат од самиот почеток на развој на новата шема. Овој износ на грант може да послужи како залог за земање комерцијален кредит од банка.

Исто така од СДСМ предлагаат изградба на Полигон-центри за обука на дефицитарни стручни кадри како и воспоставување на социјални претпријатија во кои можат активно да се вклучат поголем број млади на локално ново.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.