Published: Tuesday, September 10, 2013 18:55
Градот Скопје да не ја превземе целосно обврската да ги чува и одржува спомениците од проектот Скопје 2014, туку дел од нив да се дислоцираат низ другите градови, побара Советничката група на СДСМ на денешната седница на Советот.
Според проценките на советниците на СДСМ одржувањето на спомениците би ја чинело градската каса половина милион евра годишно. Но со оваа проценка не се согласуваат советниците од владејачката партија.
Според нив, јавните претпријатија ќе си ја превземат обврскаат за одржување па така градот ќе потроши многу помалку пари.




