Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ:Генералниот секретар на Владата сокрил стан во истата зграда со Бонева

0
By Нова ТВ on January 26, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 26, 2014 15:11


СДСМ обвинува дека и мајката на генералниот секретар на владата Кирил Божиновски има стан во вредност од 120 илјади евра во истата зграда со синовите на Силвана Бонева кој тој не го пријавил во имотниот лист во Антикорупциската комисија. На прес конфернецијата портпаролот на СДСМ Петре Шилегов рече дека „Аферата „скриени станови“ станува афера „зграда на скриени станови“ во која што зграда, според СДСМ, покрај синовите на пратеничката Силвана Бонева и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска стан имала и мајката на генералниот секретар на владата.

-Во анкетниот лист достапен на интернет, Генералниот секретар на владата, Кирил Божиновски, пријавил:

Стан од 89 м2 во Скопје од 1989 година, земјоделско земјиште во Злокуќани, автомобил од 1997 година, куќа од 34 м2 во Скопје, од 2011 година, сето тоа имот на родители. И уште 180.000 денари сопствен имот од продажба на половен автомобил.

Но, Кирил Божиновски, во овој анкетен лист сокрил друг стан од 89 м2, кој се води на име на неговата мајка, Василка Божиновска, со пазарна вредност од околу 120.000 евра.

Еве го имотниот лист исто така достапен на интернет. Тој потврдува дека мајката на генералниот секретар на владата, Кирил Божиновски, има стан од 89 м2 со подрумски простории од 34 квадрати. Адреса: „Димче Мирчев“ број 20, Скопје, нова зграда.

Божиновски не успеал да си купи стан како што успеале двата сина на Силвана Бонева и како што успеала министерката Гордана Јанкуловска. Очигледно во тоа успеала неговата мајка.

Значи во оваа зграда, некој кат погоре од двата стана на синовите на координаторката на ВМРО-ДПМНЕ, и некој кат подоле од станот на министерката за внатрешни работи, стан има и мајката на Кирил Божиновски, Генерален секретар на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

За нулите на Мијалков виновна беше Антикорупциска комисија, за становите на двата сина на Бонева исто така, за станот на Јанкуловска повторно Антикорупциска виновна.
Која институција ќе биде виновна сега, за криењето на имотот на мајката на Божиновски?
Јавноста очекува одговори и конечно одговорност.

Постојат ли воопшто институции во оваа држава што ќе превземат нешто?, е целисниот текст од прес конфернецијата која ја одржа Шилегов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 9, 2026

Руте: Трамп е во право за Гренланд

ВЕСТИ April 9, 2026

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека се водат преговори со САД, Данска и…

Стартува новиот систем за влез во ЕУ – од утре повеќе чекање на нејзините граници

April 9, 2026

Израел на над 100 локации го нападна Либан – стотици мртви и ранети

April 8, 2026

Пакистан го објави примирјето меѓу Иран и САД

April 8, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.