Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се бара промена на политичката култура а не само на политичката партија на власт

0
By Борјан Јовановски on July 1, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 1, 2018 20:18

Голем дел од граѓанството на изборите  ги подржа социјал демократите и нивните коалициски партери поради нужноста од промена на културата на владеење која беше воспоставена во изминатите 27 година и која кликата на Груевски ја сведе на ниво на политичко силеџиство. Потребата од промена на таа (не)култура произлезе од самоволието на партиските војници и нивните лидери што подразбираше креирање на политики чија единствена цел беше да се задоволат интересите на партиската врхушка. Победата на изборите за ваквиот ментален склоп подразбираше освојување на воен плен кој од моментот на освојувањето се4 сметаше дека е целосно во нивна сопственост. Таквиот ментален склоп немаше никаква потреба за дијалог, полемика и здрава дебата во која би се дошло до решение кое ќе ги задоволи сите засегнати страни како што налагаат цивилизациските стандарди на во едно демократски функционално општество. Со текот на времето фрустрациите и конфликтноста меѓу различните интересни групи ескалираше и доведе до промена на власта.

Сега е прашање дали социјал демократите разбра дека на граѓаните им е потребна промена на културата на владеење а не само замена на една со друга политичка партија. Прашањето се актуализираше вчера кога полицијата вооружена влета во ноќните клубови предизвикувајќи вознемиреност кај гостите кои се одлучиле да поминат релаксирано еден од викенд деновите. На социјалните мрежи зовреа страстите. Полицијата се правда дека таквата акција била неопходна поради тоа што локалите кои ги посетила не работела согласно пропишаните услови. Станува збор за летни тераси кои работат сезонски. Ако добро разбрав поголем број од тие локали ги немаат потребните лиценци за работа како ноќни клубови што секако не може да се толерира исто како и секое друго работење вон законските рамки. Инаку ова е проблем кои се провлекува со години наназад па одука и прашањето за зошто е тоа така и зошто сопствениците на тие локали не ја обезбедуваат потребната документација. Ако ова е проблем кои  толку долго трае тогаш зошто релевантните институции не се обиделе да поразговараат со сопствениците и да видат за каков проблем станува збор и во тој дијалог каков што приличи на едно демократско општество. Неспособноста на еснафот да се организира за да ги артикулира своите интереси не може да е оправдување за грубоста и ригидноста која ги карактеризира нивните постапки. Покрај тоа што се должни да спроведат закон нивна должност е и развој на демократска култура во секој сегмент на општеството.

Конечно и најспорното. Спектакуларниот упад на вооружени полицајци кои резултираше со откривање на два смешни прекршока. Полицајците се однесувале непристојно (благо речено) . Присуството на вооружени формации можело да предизвика и паника меѓу поголема маса бидејќи делувало како да е во тек антитерористичка операција. Се слушаат и многу други шпекулации за односот на полицијата. Како и да е несомнено е дека преценката за ангажман на вакви вооружени формации ја направил некој тенденциозно или пак некој кој нема познавање од словото но и духот на законот за полициски овластувања.

Штетата врз угледот на полицијата како чувар на безбедноста на граѓаните е направена. Сега е на потег полатичката власт во министерството за внатрешни работи која треба да не убеди во тоа дека во министерството барем функционира внатрешната контрола, орган задолжен да ги коригираа прекршувањата на полициските овластувања а во функција на заштита на граѓанските права. Доколку овој, по својата природа, демократски механизам навистина постои по сите реакции во јавноста утре или во текот на неделата од надлежните кои ја издале наредбата ќе се бара објаснување за нивната проценка за ваков полициски ангажман но ќе се слушне и другата страна, сопствениците и гостите како сведоци на случувањата. На крајот внатрешната контрола би требало што поскоро да истапи во јавноста со своја објективна оценка лишена од таканаречената “полициска солидарност” од каква што страдаат одлуките на внатрешната контрола.

Уште подобро ова може да биде добар мотив за политичката власт да се наврати на своето одамна дедено ветување за воведување на механизми на цивилна контрола врз работата на полицијата, кое доколку беше веќе остварено, оној кој ја издал наредбата за таков полициски ангажман добро ќе помислеше дал да го направи истото.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.