Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се бара решение со Бугарија на две седмици пред крајот на германското претседателство со ЕУ

0
By Нова ТВ on December 14, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: washingtonpost.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 14, 2020 09:02

Повикот на германскиот државен министер Михаел Рот за старт на преговорите со Скопје и Тирана, сепак се „зрак надеж во овие сиви денови на Западниот Балкан“. Според него, се чини, дека Германије е единствена од големите држави во ЕУ, која се обидува да го одржи во живот проширувањето, што не е доволно да се смири разочарувањето кое се шири низ регионот на Западниот Балкан, рече  вчера професорот по меѓународни односи на Универзитетот во Бостон и поранешен црногорски амбасадор во НАТО и ОБСЕ, Веско Гарчевиќ во анализа за Дојче Веле.

Одредени членки на ЕУ, како Бугарија, оценува Гарчевиќ, иако имаат проблем со сопствениот имиџ, ја користат сегашната ситуација во Унијата своите билатерални или подобро речено внатрешнополитички прашања, да ги претвораат во проблем со кој треба да се занимава Брисел.

– Во актуелната ситуација во Унијата, блокадата на која одеднаш инсистира Софија им одговара на оние кои не сакаат проширување во догледна иднина, да не кажеме никогаш. Така, прашањата на периферијата на Унијата, како што се идентитетски односи меѓу Бугарија и Северна Македонија стануваат добра причина за да се забави процесот на приближување кон ЕУ, иако земјата-кандидат, во случајов Северна Македонија, ги исполни сите обврски во овој момент. Слично искуство има и Косово со визната либерализација, наведува Гарчевиќ во анализа за Дојче Веле.

Според него, одлуката на ЕУ да не ги започне преговорите со Северна Македонија и Албанија е потврда дека регионот е заборавен во мноштвото други теми со кои е прекупирана ЕУ, а последиците од ваквиот пристап се многу сериозни, не само за регионот, туку и за самата Унија.

-За САД прашањето за Балканот е пред се прашање на безбедноста и односите со европските сојузници од НАТО. – Треба да се биде реален. САД не можат да ја заменат ЕУ на Западниот Балкан. Сепак, Вашингтон би можел да биде корективен фактор на политиката на Брисел, што би можело да биде добро за Северна Македонија, Црна Гора и особено за Босна и Херцеговина, наведува професорот Гарчевиќ.

Според бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, ако има договор Бугарија може да ги одобри преговорите за нашата држава и пет дена пред изборите.

–Имаме многу јасен став. Сакам да потенцирам дека тоа нема никаква врска со изборите. Ако постигнеме договор пет дена пред изборите, Бугарија може да ја одобри Рамката за преговори на РС Македонија за почеток на претпристапните преговори, ја пренесе вчера БГНЕС изјавата на Захариева за бугарска „Нова ТВ.

Захариева истакнала дека главното прашање во спорот е поврзано со спроведувањето на Договорот за добрососедство и пријателство, што беше потпишан во август 2017 година.

-Најголемата манипулација што доаѓа од Скопје е дека им го ускратуваме правото на самоопределување.  Ние не им го негираме ниту на бугарските граѓани правото да се самоопределат, а не пак да им го ускратуваме тоа на странските граѓани, наведе Захариева.

Имаме интерес РС Македонија да започне преговори, но не можеме да замижуваме на заштитата на националните интереси. Имаме многу точки со неисполнување на Договорот, дополни таа и повика да се намалат емоциите и да не се зборува преку медиуми.

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, пак, за Бугарската национална телевизија (БНТ) рече дека Бугарија инсистира Република Северна Македонија да го спроведе потпишаниот Договор за соработка, добрососедство и пријателство.

– Бугарија е државата која отсекогаш и помагала на Македонија. Ние први ги признавме, им помогнавме финансиски, ги помагавме и воено за време на југословенското ембарго. Очекувавме колегијален однос, но добивме задкулисни игри, нагласи вчера Каракачанов, кој е и лидер на партијата ВМРО – Бугарско национално движење (ВМРО-БНД).

Како што јави БГНЕС, според него, како и во целата своја 125-годишна историја, така и сега, партијата ВМРО „ја брани бугарштината“. – Важно е да прекинеме со практикувањето на говорот на омраза, додаде Каракачанов.

Помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија и поранешен американски амбасадор во нашата земја Филип Рикер, во обраќање на онлајн форумот „Да се биде безбеден“ во организација на Атлансткиот сојуз на Црна Гора минатата недела порача дека Европската унија не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок на Северна Македонија во интеграциите.

– Северна Македонија исполни се и треба да и биде дозволено да напредува во евроинтеграциите. Ова е важен момент за ЕУ. Секако ние ја потикнуваме Бугарија да ги реши билатералните прашања со Северна Македонија надвор од пристапниот процес, додека истовремено ќе дозволи првата меѓувладина седница да се одржи годинава. Скопје и повеќе од тоа ја заслужи таа шанса и треба да продолжи да се движи напред, изјави Рикер.

Премиерот Зоран Заев на зачерашната средба со коалициските партнери по истекот на првите 100 дена Влада доби поддршка за продолжување на реформите и за барање решение на прашањето со Бугарија.

– Остануваме посветени на барањето решение со соседна Бугарија. Решение кое гарантира почеток на преговори со ЕУ, а никако не задира во македонскиот идентитет, ниту идентитетот на било кој народ или етничка заедница. Тука сметаме и на силната поддршка на нашите сојузници во ЕУ, особено Германија, како и САД, кои се посветени нашата држава да продолжи по европскиот пат и почнување на преговорите со Унијата, потенцира премиерот Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.