Нова обид за надминување на меѓувесркиот спор во срушкото село Октиси. Денеска на иста маса ќе седната струшкиот муфтија Салим Сулејмани и митрополитот дебарско-кичевски, Тимотеј, кои со посредство на струшкиот градоначалник Зијадин Села треба ќе бараат решение за смирување на тензиите што настанаа пред десетина дена, при обидот да се постави камен-темелник за обновување на црквата „Свети Димитрија” во селото Октиси.
На минатонеделната средба кај владиката Тимотеј не дојде струшкиот мифтија. По однос на барање до судот за воспоставување времена мерка за Решението за градба на параклисот во село Октиси поднесено од градоначалникот на Струга, Зијадин Села, митрополит Тимотеј за НОВА минатата недела рече дека на тој начин само ќе се добие време за да се реши проблемот и да се смират страстите меѓу жителите во селото од христијанска и муслиманска вероисповест но, не станува збор за отстапување од осветувањето на темелите на некогаш постоечката црква во Октиси.
„Тоа е најдоброто решение во моментот, заради безбедносни причини“, рече Села.
Нова средба за Октиси идната недела
Во Октиси живеат над 4.000 жители, околу десет отсто се православни Македонци, а мнозинството Македонци – муслимани.




