Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се бара решение за старосната граница на пензионирање на лекарите и професорите

0
By Менче Атанасова Точи on October 16, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 16, 2019 15:37

Вработените во јавната администрација  ќе одат во пензија со навршени 62 години за жени и 64 за мажи и тие нема да има можност за продолжување на работниот однос до 67 години. Со новите законски измени кои се во фаза на изработка се бара решение за проблемот со дефицитарниот кадар, лекарите специјалисти и професорите во високото образованите, на факултетите. Ова за НОВА го потврди Јован Митревски, координатор на пратеничката група на СДСМ кои се и предлагачи на законските измени.

Измени ќе има во дел од Законите з а работни односи, за здравствена заштита, за административни службеници, за високо образование и во Законот за вработени во јавниот сектор.

Митревски објаснува дека во делот на Законот за работни односи во приватните фирми за продолжување на работниот однос ќе одлучува работодавачот и тоа на барање на вработениот.

„Во администрацијата нема дилеми, таму нема да има продолжување на работниот однос после навршени 62, односно 64 години. Во приватните  фирми пак, работодавачот ќе одлучува дали ќе му се продолжи работниот однос на барање на вработениот, што е секако добро за самовработените.  Во моментот размислуваме како да го решиме проблемот со дефицитарниот кадар, лекарите специјалисти и професорите во високото образование. Во секој случај нема да се дозволи да останеме без овој дефицитарен кадар“, изјави за НОВА, Митревски.

И министерката за труд и  социјална политика, Мила Царовска смета дека пензионирањето за мажите на 64  години и за  жените на 62 години ќе се филтрира јавниот сектор  без дополнителен финансиски товар за земјата.

„ Јавната администрација со години се обидуваме да ја реформираме и да ја ослободиме. Со ова добиваме дополнителна стартна позиција со што и младите кои што се кадарни да се вработат, а во бизнис секторот доколку компанијата има потреба да ја зголеми својата продуктивност со одредено возрасно лице, може да остане во таа компанија“, рече министерката Царовска.

Откако во јавноста излезе информацијата дека се прават законски измени во делот на старосната граница на пензионирање, реакции и негодување имаше токму овие две дефицитарни професии, лекарите специјалисти и професорите во високото образование.

Лекари специјалисти за НОВА, велат дека доколку нема продолжување на работниот однос до 67 години, здравствениот систем ќе колабира бидејќи плејада квалитетни лекари за една година ќе заминат во пензија, а нема доволно специјалисти за да ги заменат.

„Многу од лекарите специјалисти во Клиничкиот центар за една година ќе заминат во пензија, доколку немаат можност да продолжат со работа до 67 години. Тоа е генерација на квалитетни специјалисти кои се уште го одржуваат здравството и доколку овој и така дефицитарен кадар си оди, системот ќе колабира“, велат лекари за НОВА.

 

Слична е состојбата и во високото образование, со професорите. Законските измени се уште се во работна верзија и по нивната доработка ќе бидат ставени на разгледување во Собрание на првата пленарна седница.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.