Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се бараат нови шефови на ЕУ и НАТО

0
By Нова ТВ on January 12, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сезоната на потрага по нови европски шефови е отворена. Се бараат нови шеф(ици) на Европската комисија, Европскиот совет, на надворешната европска и безбедносна политика и на Европскиот парламент на местата на Хозе Мануел Баросо, Херман Ван Ромпеј, Кетрин Ештон и Мартин Шулц.

Според францускиот весник Ле Монд еден од кандидатите за некое од овие места е веројатно и сегашниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Според Ле Монд, Расмусен, либерал, е аутсајдер во битката за шеф на Европската комисија. Тој се уште е на функција до оваа есен па нема да може да учествува во европските избори закажани за мај и со тоа не може да имги замрси сметките на двајцата засега официјални кандидати за ова место – Финецот Оли Рен кого Македонија добро го познава и Белгиецот Ги Верофштад, двајцата либерали.

Слаби се шансите на Расмусен да стане шеф на европската дипломатија на местото на Ештон поради тоа што неговата земја, Данска, се избори за опт-аут во европската безбедносна политика.

Но, Ле Монд смета дека може лесно да се случи Расмусен да го наследи Ван Ромпеј. “Поранешен премиер, уметност на компромисот и умреност кои се карактеристика на Скандинавците, искуство на светската сцена и познато име” заклучува весникот.

Не се знае исто така кој ќе стане првиот човек на НАТО. Мандатот на Расмусен беше продолжен за да може тој во септември да го води самитот на алијансата. Засега има само еден официјален кандидат за НАТО а тоа е поранешниот шеф на италијанската дипломатија Франко Фратини. Од белгиски извори се дознава дека заинтересиран за функцијата е министерот за одбрана Питер Де Крем а од британски се споменува кандидатурата на Лиам Фокс поранешен министер за одбрана.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.