Се чекаат официјални резултатите дали лекарката од нервното одделение од болницата во Кавадарци има коронавирис, откако кај нејзиниот сопруг е потврден вирусот во приватната болница на Жан Митрев. Ова е прв случај на коронавирус во Кавадарци, доколу се потврди уште еднаш резултатот кај нејзиниот сопруг и се официјализира во референтната лабораторија за вирусологија во Институтот за јавно здравје.

„Чекаме официјални резултати од тестирање за потоа да видиме како да постапиме, што ќе ни наложи Санитараниот и здравствен инспекторат, кои мерки да се преземат и дали болницата ќе се стави во карантин“, изјави за НОВА др. Ристе Јовановски од Центарот за јавно здравје.

Истото ни го потврдија и во болницата која засега фукционира нормално и прима пациенти. Лекарката синоќа на полноќ била тестирана на коронавирус и резултатите ќе бидат соопштени денес.