Јована Тренчевска: Кога општеството ја игнорира родовата еднаквост, кога се бришат зборовите родова еднаквост, родово базирано насилство од политиките и документите, кога како од ѓавол се бега од суштината на родот, кога се водат неосновани дебати дали родовата еднаквост треба да биде општествен приоритет. Кога родовата еднаквост се заменува со родова идеологија. Кога се отвара дебата дали Истанбулската Конвенција и понатаму ни е потребна. Кога се отвара прашањето за повлекување на нејзината ратификација.
Се додека вакви дебати се водат во општеството, а не дебати како да одиме напред и како да ги заштитиме жените од родово базирано насилство, како институциите да ги направиме ефикасни, се дотогаш ќе ни се случуваат фемициди!
Опасноста демнее неколку години од протагонистите на движењата против родовата еднаквост.
Два животи згаснати! А можеле да бидат спасени!
Извор: Фејсбук