Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се е подготвено за референдумот во Каталонија-Мадрид вели нема да има

2
By Нова ТВ on September 29, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наставниците и учениците од некои училишта во Каталонија се организираат  за да ги подготват училиштата за гласањето за референдумот за независност од Шпанија в недела, што Мадрид вети дека ќе го спречи и притоа испрати голем број полициски сили.

Весникот “Ла Вангардија” пишува дека на социјалните мрежи се испраќаат кодирани пораки за да се направат подготовките.

Стотици наставници се собраа вчера во седиштето на регионалната влада, извикувајќи “Ние ќе отвориме” и “Ние ќе гласаме”.

Владата на Каталонија соопшти дека може да прогласи независност од Шпанија во рок од 48 часа по гласањето.

Мадрид: Нема  да има референдум на 1. октовмри

На прес-конференција, владиниот портпарол Иниго Мендез де Виго ја потврди решеноста на Мадрид да го блокира гласањето.

-Нема да има референдум на 1 октомври. Овој сецесионистички процес е нелегален уште од самиот почеток. Должност на правната држава е да спречи тоа да се случи, рече тој.

Илјадници национални полицајци во моментов се наоѓаат на двата бродови во пристаништето во Барселона, чија цел е да спречат гласање и да го гарантираат шпанскиот суверенитет над Каталонија, јавуваат агенциите.

Каталонија со 7,5 милиони луѓе на североистокот на Шпанија има свој јазик и култура и висок степен на автономија. Но, таа не е признаена како посебна нација од страна на шпанската држава.

Каталонските лидери побараа помош од Европската унија, велејќи дека Мадрид ги поткопува демократските вредности на Унијата. Во петокот претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани рече дека ќе работат на изнаоѓање политичко решение.

Тој за италијанската новинска агенција Анса изјави дека референдумот е нелегален, но дека владата во Мадрид и надлежната администрација во Каталонија треба да постигнат решение за ова прашање.

Но, шпанскиот министер за здравство Долорес Монтсерат во петокот го отфрли дијалогот за ова прашање.

Улогата на наставниците во кампањата

Наставниците и учениците одиграа голема улога во кампањата за референдумот, што го поттикна Мадрид да му се закани на Министерството за регионално образование со правни дејства во врска со нивниот наводен неуспех да ги заштити малолетните лица, објави Ел Мундо.

Студентите и ги напуштија часовите за да се приклучат на митинзите.

Според каталонскиот весник “Ла Вангардија”, активистите за референдумот планираат да ги задржат сите училишта отворени во текот на целиот викенд, а постојат ин планови да се користат трактори за блокирање на безбедносните сили доколку се обидат да ги затворат просториите.

Има и веб-страница – escolesobertes.eu (отворени училишта), каде граѓаните може да се информираат кои училишта се отворени.

Каталонија Мадрид референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.