Полицијата трага по 16-годишно девојче кое синоќа околу 22.45 часот се фрлило во реката Вардар во близина на пешачкиот мост под Кале, соопшти МВР.
Станува збор за шеснаесетгодишната Сибел Ј. од Скопје за која се уште нема информации зошто се фрлила во реката.
Полицијата ја пронашла чантата на девојчето каде имало документи, што и помогнало на полицијата да ја идентификува девојката. Потрагата по девојчето се уште трае.