Францускиот регулаторен изборен орган го истражува хакерскиот напад врз предизборниот штаб на кандидатот за претседател на Франција, Емануел Макрон, и протекувањето на документите што потоа следело. Неговото политичко движење смета дека ова е обид во последен момент да се изврши влијание врз исходот од утрешниот втор круг гласање.
Нападот доаѓа во последниот ден од кампањата за француски претседателски избори каде што Макрон утре ќе се соочи со Марин Ле Пен, кандидатот на екстремната десница.
Сомнежите веднаш паднаа врз Русија која и претходно беше обвинета за мешање во кампањата во изборите за претседател во САД со цел да му помогне на Доналд Трамп.
Изборната комисија соопшти дека уште утринава е свикана седница, веднаш откако била информирана за нападот.
Предизборниот штаб на центристот Макрон синоќа соопши дека станал жртва на „масовен и координиран хакерски напад“. Хакерите си обезбедиле пристап до личните и службените мејлови на луѓето од предизборната кампања и на Интернет лиферувале сметководствени документи и договори, вклучувајќи и фалсификувани.