По трите земјотреса, од кои оној од попладнево со јачина од 5.3 рихтерови степени, приквчеренива со писмено соопштение се јави Градскиот штаб за заштита и спасување за да соопшти дека тие веднаш се активирале (не пишале кога веднаш), реализирале „поголем број на интервенции“ (не знаеме каде, какви и колку) и дека тие се будни и на терен. Во соопштението од седум реда на крајот со јавноста го споделуваат упатството за заштита и спасување при земјотрес.
На следниов линк прочитајте го упатството кое веќе неколку часа го објавуваат повеќе медиуми по апелеите на граѓаните на социјалните мрежи да им се објасни што се прави во случај на земјотрес.