Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се крчка македонски ДОС – демократска опозииција со цел пораз на Мицкоски – Филипче не им биле е во фокусот, а од Шилегов се оградуваат

0
By Zoran Ivanov on March 18, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 18, 2026 20:20

Дали платформата ќе прерасне во партија ќе зависи колку ќе добијат поддршка, но и доверба од граѓаните за вo нив да препознаат идеја која што како што велат нема да има лидер, ниту функционери, ниту раководство, ниту пак ќе се борат за фотелји.

 Душица Мрѓа

Се крчка македонски ДОС – платформа која што треба да го обедини опозициско, критичкото мислење и како што велат иницијаторите прогресивната јавност. ТВ 24 разговараше со дел од нив , засега сакаат да останат анонимни но велат дека фокусот на платформата која што наскоро ќе ја понудат на граѓаните, не е преземање на СДСМ ниту пак одработување за ВМРО ДПМНЕ, туку конкретен концепт кој треба како што велат да ги порази политикантите.

Дел од неа се поранешни функционери на СДСМ, поранешни пратеници, поранешни градоначалници, но и актуелни пратеници и градоначалници, но најголем број надворешни членови, професори, интелектуалци, членови на невладин сектор, аналитичари. Од иницијативата се оградуваат од поранешниот пратеник Петре Шилегов , на кого СДСМ му најави исклучување.

– Целосно се оградуваме од неговите ставови и потенцираме дека тој не е дел од иницијативата бидејќи не ги споделува нејзините клучни вредносни критериуми.

Дали платформата ќе прерасне во партија ќе зависи колку ќе добијат поддршка, но и доверба од граѓаните за вo нив да препознаат идеја која што како што велат нема да има лидер, ниту функционери, ниту раководство, ниту пак ќе се борат за фотелји. Тврдат идејата е поради тоа што истражувањата покажале дека во Македонија има една силна партија и повеќе расцепкани опозициски партии, а на двете страни политиканти кои тврдат живеат по имагинарен свет

– Тие заради кои политичко општествениот ангажман стана неприфатлив и срамен и заради што сите кој можат да придонесат го избегнуваат. Нема борба со корупцијата, реформи во судството, квалитетно здравство и образование со површност. Граѓаните треба да раскрстат со импровизаторите во политиката- велат за ТВ 24 од иницијативата

Му порачуваат на Венко Филипче и на раководството на СДСМ дека не им се во фокусот и не планираат да се занимаваат со внатрешни реформи и преземање на партијата . Идејата не име да бидат фракција на СДСМ, нова НСДП, ЗНАМ, Демос …

„Иницијатори на платформата“

– Граѓаните се уморни од бесконечните дебати за внатрешните состојби во СДСМ. Затоа, ние го оставаме ова раководство на СДСМ да си живее во сопствениот имагинарен свет. Притоа, ние не бегаме од нашиот дел од одговорноста за актуелните состојби во СДСМ. И ние на еден или друг начин, во едно или друго време сме придонеле за слабостите на СДСМ.

На обвинувањата кои веќе индиректно стигнуват на нивна сметка од СДСМ велат дека тие одработувата за ВМРО ДПМНЕ и им порачувата да си ја работеле својата работа.

„Иницијатори на платформата“ велат:

– „Раководството на СДСМ да имаше капацитет, знаење и волја да ја обедини опозициската енергија против оваа неспособна власт немаше да има потреба од ваква Иницијатива”

Промоцијата се најавува наскоро, а во иницијативата место ќе има и за партии кои ќе се препознаат во концептот.

Текстот е сопственост на ТВ 24.мк

дос душица мрѓа македонски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.