Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се кријат деталите каде заглави тендерот за електронски здравствени картички

0
By Менче Атанасова Точи on December 3, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 3, 2015 16:33

Ниту Фондот, ниту Министерството за здравство не откриваат до каде е тендерот на кој треба да се избере фирма што ќе ги изработи електронските здравствени картички. Не се знае ниту колкав е точниот број на граѓани кои чекаат да ги добијат картичките, ниту колку до сега ги имаат добиено. НОВА неколку пати бара одговор на овие прашања во Фондот, но ниту таму, ниту во Министерство нема прецизен одговор. Единствениот одговор што го добивме е дека Фондот заедно со Министерство за здравство интензивно работи на решавање на проблемот со ЕЗК. На новинарско прашање каде заглави тендерот директорот на Фондот Сашо Стефановски денеска кратко одговори.

„Ова прашање на секоја прес конфере ми го поставувате, се надевам наскоро ќе можам да ви дадам одгово“, одговори кратко Стефановски.

Во јуни годинава кога медиумите повторно го актуелизираа проблемот, не беше познато кога ќе биде распишан новиот тендер за изработка на здравствените картички. Министерот Тодоров се правдаше дека се бара најдобрата опција.

Во меѓувреме повеќе илјади граѓани не можат да ги добијат картичките иако платиле за нив однапред по 250 денари, а Фондот за здравство не може да им ги издаде бидејќи се чека фирма која ќе ги изработи.

Директорот на Фондот, Орхан Рамадани, тогаш потврди дека има системски проблем и дека испратиле извештај до Владата. Неофицијално се работи за 80 000 до 100 000 барања за кои не се изработени здравствени картички. Рамадани тогаш изјави дека 43 000 граѓани чекаат да добијат електронска здравствена картичка.

Колкав е вистинскиот број сега, никој не кажува. Нема објаснување ниту каде отидоа парите што ги уплатија граѓаните и дали ќе им бидат вратени. Доколку станува збор за 80 до 100 000 граѓани тоа е сума од 320 до 400 000 евра. Но, и доколку се работи за 43 000 граѓани сумата не е мала и изнесува половина овој износ.

На почетокот на годината Стефановски изјави дека договорот што Министерството за здравство го има склучено со хрватската фирма е истечен и најави дека проблемот брзо ќе биде решен.

„Бараме заеднички начин бргу да го решиме овој проблем и многу скоро , можеби недели с е во прашање, постапката за издавање на електронски здравствени картички ќе продолжи“, изјави Стефановски во јануари годинава.

Веќе цела година помина, а од тендерот нема ниту траг. Граѓаните се револтирани, уплатиле за картички, а мора да одат да вадат сини картони.

„За моите две деца имам уплтено уште пред две години, но се уште ги немаме добиено картичките’, рече една револтирана мајка.

Згора на се ниту системот не функционира бидејќи сите граѓани немаат картички. Не се знае ниту фирмата која ќе го добие тендерот дали треба да изготви нов софтвер, што дополнително ќе ја комплицира работата.

Сите овие детали надлежните ги држат во тајност и не сметаат за потребно да им објаснат на граѓаните што се случи со парите кои ги имаат уплатено. Претходно, надлежните ги брзаа и ги врзуваа со рокови граѓаните за да уплатат побргу пари.

Хрватската фирма „АКД“ во 2009.та година го доби тендерот за изработка на електронски здравствени картички, во кои требаше да биде внесена цела здравствена историја на пациентите. Картичките што беа изработени ги содржат само основните податоци и преку нив може да се утврди само дали пациентот е осигуреник на Фондот.

Што се случува со електронските картички и парите на граѓаните останува мистерија. Министерството за здравство минатата година најави дека до јуни 2014.та сите граѓани мора да имаат вакви картички, а лекарите да набават читачи бидејќи системот ќе биде комплетно електронски.

Бидејќи застој со картичките имаше уште во февруари минатата година, НОВА тогаш стапи во контакт и со Фирмата АКД, односно со директорот за продажба во Македонија. Го прашавме каде е проблемот, зошто граѓаните не можат да ги добијат картичките кои ги платиле.

– Не можеме да коментираме ништо, тоа е прашање кое треба да го упатите до вашето Министерство за здравство, кратко одговори Томислав Лиели директор за продажба за Македонија.

Иако првично беше предвидено да бидат бесплатни бидејќи за целиот проект имаше обезбедено 7, 5 милиони евра, министерот Тодоров сепак одлучи електронските картички граѓаните сами да си ги купуваат. Од парите на граѓаните за оваа намена се собраа од 7 до 8 милиони евра.

До сега овој проблем надлежните во здравството ниту го решија, ниту пак имаат објаснување пред граѓаните што се случува со тендерот кој подолго време се најавува.

Претходната фирмата која го доби тендерот се жалеше дека Министерство доцни со исплаќањето на ратите со што го кочи целиот проект.

Инаку, една од основните забелешки во Ревизорскиот извештај на Министерството за здравство од минатата година беше посочена токму имплементацијата на проектот Електронска здравствена картичка. Ревизорите откриваат дека на овој проект, како и на проектот за интегриран здравстен информатички систем и целокупната информатизација на здравството работи само едно редовно вработено лице на позиција советник и 6 ангажирани преку агенција за привремени вработувања. Ревизијата констатирала дека тоа е ризик и дека е во спротивност со актот за систематизација за Секторот за информатичка и комуникациска технологија според која треба да видат вработени 17 извршители.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.